Uncategorized Вести Македонија

Хеско: Општина Велес одамна нема ГУП и ДУП, не знам кој дозволил да се гради населба кај езерото

Велес се шири во горниот дел, кон населбата Превалец, и урбаната населба Речани која што е планирана уште пред 30 години. Значи таа не е дива населба. Околу тоа што се гради во моментот околку езерото, не можам да кажам кој го дозволил тоа, дали е легално, итн., рече Маја Хеско, кандидатка за градоначалничка на Велес од коалиција за локални избори 2025 предводена од СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Општина Велес многу одамна нема донесено Генерален урбанистички план. Значи, првото финансирање треба да биде во тоа. И Детален урбанистички план. И за градското подрачје и за приградските населби. Ова што се случува со езерото сега и градењето на населбата, мислам дека може само актуелниот градоначалник да ни одговори – како е дојдено до таа населба, дали е тоа урбанизирано, како се дадени дозволи за градба. Мислам дека тој може да ни каже“, истакна Хеско.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тутунарите задоволни од проценката, но бараат повисока цена – почна откупот на тутунот во Прилеп

Дејан Дејан

„Базен на таленти“ – ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање на работници од трети земји

Дејан Дејан

Репресија по трагедијата во Кочани причина за изостанок на емпатијата смета Рамадани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе