Вести Најважни Свет

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

„Започнување на преговорите веднаш“ вака Доналд Трамп го опиша исходот од двочасовниот телефонски разговор со рускиот претседател  Владимир Путин. И двете страни се сложиле дека е потребно веднаш да се создаде меморандум за иден мировен договор, кој ќе ги дефинира позициите на евентуален прекин на огнот и крај на војната.

Од друга страна Москва е подготвена да го прекине огнот со Украина, но потребно е да се обезбедат компромиси од двете страни. Рускиот лидер изјави дека е подготвен да разговара за „компромиси“ по „отворениот разговор“ со својот американски колега Трамп.

„Се согласивме со американскиот претседател дека Русија ќе предложи и е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум во врска со можен иден мировен договор што ќе дефинира голем број позиции, како што се, на пример, принципите на решавање, времето на можен мировен договор и така натаму, вклучително и евентуално прекин на огнот за одреден период доколку се постигнат соодветни договори“ изјави Владимир Путин, руски претседател.

Преговарачките процеси во Истанбул кои се одржаа минатата недела според украинскиот претседател Зеленски ја покажале посветеноста на светот, за мир, и неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната. Претседателот на Украина како позитивен исход го потенцираше делот на договорот за размена на затвореници со Русија, а додаде дека Украина ќе формира проширена национална преговарачка група која ќе работи со цел да се стави крај на војната.

Теа Димковска

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе