Вести Македонија

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Крива Паланка Сапко Митовски, против двајца општински службеници, против сопственик на угостителски објект и правно лице кое работи во угостителство.

Осомничените се гонат за злоупотреба односно за дело „несовесно работење во службата“, додека угостителот се гони за „узурпација на недвижности“. Сопственикот направил и покрил летна бавча од 82 квадратни метри, а општинските служби му издале решение иако не требале, соопшти МВР.

-Н.Ц. – вработен во општина Крива Паланка на работно место самостоен референт за документациони работи и урбана опрема во Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, на 19.12.2024, постапувајќи по барање за одобрение за поставување на урбана опрема поднесено од правно лице – угостителски објект, без да утврди дека не се исполнети условите, изготвил одобрение за поставување на урбана опрема пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка за периодот од 09.12.2024 до 09.12.2025. М.К. – вработена во општина Крива Паланка како раководител на Сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животната средина и комунална инфраструктура и С.М. – градоначалник на Општина Крива Паланка, го потпишале така изготвеното одобрение и на тој начин му овозможиле на барателот да постави урбана опрема и да се стекне со противправна имотна корист, стои во соопштението на МВР.

Градоначалникот пак обвини дека станува збор за политички притисок бидејќи тој како прв човек на општината доаѓа од СДСМ. Митовски на почетокот на април посочи дека има енормно загадување на реката со цијанид и други опасни материи по излевање во реката на индустриска вода од фабрика. Тогаш од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија дека шири паника меѓу граѓаните.

– Денешната кривична пријава не е ништо повеќе од гол политички притисок бидејќи ВМРО-ДПМНЕ знае дека нема никакви шанси во Крива Паланка.  Се уште нема кривични пријави за загадувањето на Крива Река со цијанид. Нема казни, нема санкции за оние кои го загрозија животот на граѓаните на Крива Паланка.  Нема кривична пријава ниту за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка кој лажеше дека водата е безбедна иако беше констатирано дека е загадена со тешки метали и цијанид, порача Митовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе