Вести Македонија Топ вести

Таравари: За излегување од Влада ќе одлучуваат партиските органи

Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена во наредните два дена. Најави дека ќе разговара лично со премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да му каже за одлуката.

Во коалицијата, оцени Таравари, „не добиле поддршка за промените кои Албанците ги барале и очекувале“.

„Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, рече Таравари.

Тој дополни дека „не сака да бидат марионети во Влада и членовите и активистите на нивната партија да мислат дека не се грижат за нивните интереси“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Среде пладне кавадарчанец се напил и стигнал до 2,52 промили- полицијата го фатила кога излетал од патот

Дејан Дејан

Украински војници со порака: Нема преговори додека Русија не се повлече

Дејан Дејан

Српските студенти пристигнуваат во Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе