Вести Свет Топ вести

Го гледаат како средство за коцкање – Талибанците забранија играње шах

Талибанците привремено забранија играње шах во Авганистан, наведувајќи загриженост дека играта би можела да поттикне облик на коцкање. Забрана ќе остане на сила сè додека не се утврди „дали шахот е во склад со исламското право“.

Шахот е последниот во низата на спортови кои Талибанците решија да ги ограничат. Портпаролот на талибанскиот директорат за спорт, Атал Машвани изјави дека шахот, според исламското право, се смета како „средство за коцкање“.

Талибанците лани забранија и боречки спортови како ММА, со образложение дека се премногу насилни и неусогласени со исламските начела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Среде пладне кавадарчанец се напил и стигнал до 2,52 промили- полицијата го фатила кога излетал од патот

Дејан Дејан

Украински војници со порака: Нема преговори додека Русија не се повлече

Дејан Дејан

Српските студенти пристигнуваат во Брисел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе