Министерството за одбрана на Русија соопшти дека одржало околу 20 состаноци со воените раководства на земјите од ЗНД, Африка, Азија и Блискиот Исток, пренесе ТАСС.
Според изјавата на Министерството, објавена на нивниот профил на „Телеграм“, министерот за одбрана Андреј Белоусов одржал билатерални состаноци со колегите од Република Конго, Мали, Буркина Фасо, Нигер, Нигерија, Либија, Казахстан, Киргистан и Узбекистан, на кои се дискутирале прашања поврзани со регионалната безбедност, обука на кадри во руските воени академии, како и организирање и спроведување на заеднички активности за борбена обука.
Заменик-министрите за одбрана на Русија, генерал Јунус-Бек Евкуров и генерал-полковник Александар Фомин, се сретнале со министрите за одбрана на Индија, Куба, Мјанмар, Лаос, Јужна Африка, Алжир и Екваторска Гвинеја, и разговарале за актуелни прашања на соработка во областа на военото и воено-техничкото партнерство.