Балкан Вести Свет Топ вести

Рама бара нова победа, Бериша сака камбек, Мета од притвор- избори во Албанија, македонскиот кандидат со владеачката коалиција

Во Албанија денеска се одржуваат 11-тите парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим и воведувањето на демократијата. Денешните избори се први кои се одржуваат откако Албанија се издвои од Македонија и ги отпочна преговорите за членство во Европската Унија.

Право на глас на изборите кои траат од 7 до 19 часот имаат 3.721.116,  а првпат ќе гласаат 114.642 тинејџери и помлади граѓани.  Бројот на избирачи е поголем за 1.319.003 од бројот на жителите на Албанија кој според пописот е 2.402.113. На изборите за првпат право да гласа има и албанската дијаспора која што може да има и големо влијание врз конечните резултати. Се пријавиле околу 245 илјади гласачи од дијаспората, а Албанија за процесот надвор од границите ќе потроши 10 милиони евра.

Парламентот брои 140 пратеници. Фаворит за нова победа е Социјалистичката партија на Еди Рама кој повеќе од една деценија ја раководи извршната власт во Тирана. Социјалистите  коалицираат единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) чиј претставник се бори за четврти по ред мандат.

Сали Бериша, екс премиерот и лидер на Демократската партија се обидува да се врати на власт по 12 години и ја води опозициската „Алијанса за величествена Албанија“. Во опозициската коалиција е и Партијата на слободата, на поранешниот претседател на Албанија Илир Мета, кој иако е во затворски притор, поради корупција и перење пари, се натпреварува на изборниот мегдан во главниот град на Албанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе