Вести Македонија Најважни

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Васил Јованов призна вина за сообракајката во која смртно ја прегази Фросина Кулакова на црвено светло на пешачки, под дејство на алкохол и со 91 км./ч.. Пресудата ќе ја слушне на 13 мај. Изрази сочувство и извинување до фамилијата кое го повтори и во завршниот збор со наведната глава.

„Имам грижа на совест и носам голем товар за тоа што го сторив и не можам да ви објаснам какво каење чувствувам. Не поминува ден, а да не се молам за душата на Фросина и за здравјето на нејзиното семејство. Ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот“, рече обвинетиот Васил Јованов. 

Додека ова го зборуваше Јованов, таткото на Фросина, Тодор Кулаков ја напушти судницата. И тој и мајката на Фросина претходно побараа максимална казна која е 20 години затвор. Низ емотивен говор и солзи порачаа дека ова не е судење за сообраќајка, туку за убиство.

„Барам највисока казна за утре ниту едно дете да не се најде на местото на Фросина. Правдата нема да ја врати Фросина, но ќе ја врати вербата дека нејзината смрт не е залудна“, рече нејзината мајка.

Адвокатот на Јованов рече дека судот треба да ги има предвид признавањето вина и каењето на Јованов потенцираше дека неговиот клиент не е убиец, туку студент и спортист. Рече дека во јавноста имало хајка и линч со повици за смртна казна.

Обвинителот Александар Марковски рече дека една минута пред сообракајката Јованов возел цик цак и преминувал две полни линии. Побара соодветна казна за обвинетиот.

Со маици правда за Фросина во судницата беа присутни и други роднини на младата жртва а судењето го следеа и родителите и роднини на обивнетиот. Обвинителстовто поднесе обвинение и за таткото на Васил Јованоив за предизвикување општа опасност затоа што му го давал возилото иако немал дозвола. Младиот Јованов е во притвор а има и пресуда од 3 години и 10 месеци за продажба на дрога откако Апелција му ја преиначи заводската мерка за поправен дом

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе