Хуманитарната организација УНИЦЕФ информира дека „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен, што го оневозможува пумпањето вода преку традиционалните цевководи.
Како резултат на тоа, хуманитарните работници поставија точки за дистрибуција на вода и се потпираат на транспорт на вода со камиони. Сепак, и постројките за десоленизација и камионите имаат потреба од гориво, кое е тешко достапно, поради блокадата на Израел на малата енклава.
Според Палестинската управа за води просекот на достапноста на вода падна на 3-5 литри по лице дневно, што е многу помалку од 15-те литри што Светската здравствена организација вели дека им се потребни на луѓето за да преживеат.
Во Израелската офанзива против Хамас, една од најсмртоносните и најдеструктивните во поновата историја, според палестинските власти убиени се речиси 53 илјади лица, од кои поголем дел се жени и деца.