Вести Македонија Најважни

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Турско убиство среде кафе бар во Штип. Дваесет и петгодишен поранешен студент од Турција е застрелан од четири години помлад злосторник со кого претходно разговарале во кафулето. Осомничениот заминал во тоалет, а кога се вратил почнал да пука во жртвата и го погодил со повеќе куршуми.

Ранетиот починал во болница, а убиецот веќе имал организирано бегство во кое му помогнале уште четворица сонародници. Тој фатил такси, а четворицата со БМВ се движеле пред него како чистачи и тргнале кон Скопје.

Но, штипската полиција веднаш преку локалните медиуми и нивните социјални мрежи ги пушти видеата од оружениот напад и фотографија од напаѓачот. Со таква визуелна помош, на повеќе локации биле поставени полициски блокади, а една од нив била на патарината Миладиновци пред Скопје.

Полицијата веќе била информирана дека автомобилот БМВ е возило за бегство и го опколила возилото на патарината. Убиецот, пак, останал зад нив и почнал да бега низ полето. Потерата продолжила пеш по него, како што покажуваат снимките објавени од ТВ Стар. Биле активирани и полициски дронови.

Тројца од помагачите во бегството биле уапсени, но возачот на БМВ-то успеал да избега со автомобилот низ патарината. Но, потоа со колата излетал од патот и полицијата го фатила.

На триста метри од патарината бил фатен и 21-годишниот турски државјанин.

„Во 22:15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Полицијата го најде пиштолот, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видеонадзор, соопшти обвинителството. Но, за мотивите засега нема официјални податоци.

Ладнокрвниот убиец стигнал во Македонија ден пред злосторството. Границата ја минал легално и ова му бил трет престој во државата.

Убиениот, пак, бил пријавен како студент, но според информации од полицијата, наместо испити наредил неколку пријави за поседување наркотици. Мотивите за злосторството се движат од расправа за девојка и долг до нарачано убиство. Истрагата ќе проверува дали има и други турски државјани кои се вклучени во штипското убиство.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе