Обвинителството побара, Апелација нашла елементи во пресудата на кривичниот суд на сопственикот на „Дурмо Турс“, неговиот вработен за организирање транспорт и двајцата контролори во станицата за технички преглед да им ги зголеми казните за повеќе од двојно. Возачот Мануил Трифуновски останува со 14 години затвор и третиот контролор Јане Боваровски со пет. Сите шестмина од првичните 39 затворски години, според Апелација, сега ќе трeба да минат максимални 53 зад решетки.
Апелационен суд
- обвинетиот Дурмиш Белули казна затвор од 10 години;
- обвинетиот Ремзи Мифтари на казна затвор во траење од 10 години;
- обвинетиот Игор Ѓоргиевски на казна затвор во таење од седум години;
- обвинетиот Горан Дуковски казна затвор во траење од седум години и
- обвинетиот Мануил Трифуновски на казна затвор во траење од 14 години.
Тие се осудени затоа што во период од 2017 до 2019 година не се придржувале до прописите за безбедност во автобускиот сообраќај и свесно и континуирано дозволувале во сообраќај да учествува неисправно возило, без да преземат мерки за негова поправка, иако биле свесни за можните последици“, се вели во пресудата на кривичниот суд која ја прифати Апелација.
Второстепениот суд ги одби и жалбите за отштено барање во кривична постапка од семејството со укажување надоместоци за загубата да бараат во парнична постапка.
Автобусот на „Дурмо Турс“ во 2019-та излета од коловозната лента во ендек кај селото Ласкарци и со себе однесе 16 човечки животи. Во кривичниот суд, доказната постапка се одолговлекуваше со месеци, затоа што беше побарано и спроведено супервештачење од техничкиот факултет во Битола.
По 150 судски рочишта и, речиси, пет години по судници, роднините во неколку наврати реагираа дека се сомневаат дека предметот е намерно закочен со формални процедури.
Павле Беловски