Јасна и очигледна е нетрпеливоста во коалицијата „Вреди“, од една страна Алијанса на Албанците на Таравари, од друга политичките субјекти предводени од Меџити, Касами и Ибрахими и особено нетрпеливоста меѓу Меџити и Таравари, рече Јована Тренчевска од СДСМ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Од она што го знаеме е дека на средбата меѓу Мицкоски и Таравари е дадено време. Мој став, мое мислење е купувањетона време, всушност значи дефокус на владата од сите останати проблеми во државата, од сите лоши политики, економските политики, животниот стандард и некако да се даде на менито и на јавноста и на медиумите да бидат фокусирани на овој проблем во коалицијата во владата, а не на решавањето на главните економски проблеми“, смета Тренчевска.