Вести Македонија Топ вести

Судот го прифати обвинението за „Адитив“ и ќе им суди на 31 обвинет

Основниот суд во Скопје целосно го прифаќа обвинението за предметот за злоупотреби и јавни набвки во РЕК Битола под работно име „Адитив“ и ќе им суди на 31 обвинет кои според обвинителите сториле кривични дела од несовесно работење во службата, дел злосторничко здружување и злоупотреба на постапката за јавен повик, а четворица пред судот ќе се бранат за перење пари.

Судот следно ќе закаже термини за рочишта. За потсетување, предметот Адитив со денови е актуелен во јавноста откако обвинителите отворија постапка против претседателката на Државната комсија за спречување на корупција со сомнеж дека Татјана Димитровска оддавала службени тајни на првообвинетиот во „Адитив“, Небојша Стојановиќ.

Обвинетите управители и сопственици на правни лица откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј се со цел да се стекнат со над 6,5 милиони евра, се наведува во обвинителниот акт против нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе