Кардиналите се собраа во Ватикан во базиликата „Свети Петар“ на последната миса пред почетокот на конклавата за избор на нов папа. 91-годишниот Џовани Батиста Ре, претседавачот на Советот на кардинали, кој го предводеше погребот на Франциск пред две недели, денеска ги потсети 133-цата кардинални избирачи на сериозноста на нивната задача.
- „Молењето, со повикување на Светиот Дух, е единствениот вистински и правилен став што треба да се заземе додека кардиналските избирачи се подготвуваат да преземат чин од највисока човечка и црковна одговорност и да направат избор од исклучително значење. Ова е човечки чин во кој мора да се остави настрана секоја лична грижа, имајќи го во предвид и носејќи го во срцето само Бог Исус Христос и доброто на Црквата и на човештвото“ – Џовани Батиста Ре, претседавач на Советот на кардинали
Подоцна во текот на денот, кардиналите ќе се изолираат во Систинската капела за да почнат да гласаат.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.