Кардиналите денеска попладне ќе ја започнат конклавата за избор на нов папа, наследник на папата Франциск, кој почина минатиот месец. Под фреската „Страшниот суд“ на Микеланџело во Сикстинската капела, 133 кардинали ќе гласаат под строги правила на изолација и тајност. Првиот круг на гласање се очекува во 16:30 часот, а првиот чад од оџакот над капелата – симбол на исходот – се очекува попладне.
Бел чад ќе значи дека е избран нов папа, а црн дека изборот сè уште не е донесен. Оваа конклава се смета за една од најнепредвидливите досега, со кардинали поделени меѓу продолжување на прогресивната агенда на Франциск и враќање кон поконзервативна линија.
Меѓу потенцијалните наследници се споменуваат имиња како Роберт Превост, Пјетро Паролин, Луис Антонио Тагле и Петер Ердо. Кардиналите најавуваат дека изборот треба да биде брз – најмногу за три до четири дена.