Вести Македонија Топ вести

Не назадуваме, но на пат сме да доцниме со реформите?!

Не назадуваме, но на добар пат сме да доцниме со реформите, доколку министерството не ги поднесе реформските закони, а Собранието најитно не почне со работа, предупредуваат од Институт за демократија. Доцнењето, велат, особено ќе се одрази на обврските во рамките на реформската агенда и Планот за раст со што се поврзани многу финансиски средства, но уште поважно е што се работи за реформи кои треба да доведат до поголема функционалност на државата.

  • Се игнорира и понатаму Законот за висока раководна служба. Тоа е закон којшто треба да го намали влијанието на политичките партии при именувањето на јавни функционери, значи вработувањата во јавната администрација и контролата врз административците на земјата со што би требало да се обезбеди поквалитетна и попрофесионална услуга, вели Трошановски.

Во однос на застојот во преговорите за членство во ЕУ, Трошановски смета дека има некакви заднински обиди, процесот на преговори да се направи пообјективен и поверодостоен, во смисла на тоа, да не зависи од билатералните барања и протоколите со кои се врзува преговарачката рамка.

Тие теми, вели, не може да се туркаат преку промена на преговарачката рамка, но може, бидејќи се во интерес на целокупниот процес на проширување, да се обидеме преку земјите членки, да станат стандард за останатите земји кои преговараат, а кои имаат билатерални побарувања.

  • Доколку некој од тие стандарди на преговарање побараме да бидат вметнати зашто и самите ќе го заштитиме, а и целокупниот процес ќе го заштитиме  има реална преговарачка карта и аргумент да настапиме, бидејќи со ништо друго идеално неможеме да настапуваме. И мислам дека во тој дел Владата барем зад официјалните канали се обидува и ние се обидуваме како граѓански сектор да издејствуваме. Дали тоа ќе се случи, дали ќе има некакво поместување, засега е нејасно, вели Трошановски.

Министерот за правда неодамна објави дека, сите закони кои се дел од реформската агенда се подготвени или се во финална фаза на усвојување.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе