Вести Македонија Топ вести

Мицкоски порача дека безбедноста не е само статистичка бројка, туку чувство кое го овозможуваат токму полицајците

Дене се одбележува Денот на македонската полиција – 7 Мај, во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Оттаму премиерот Христијан Мицкоски се обрати и рече дека „времето кога криминалци слободно се движеле, а институциите биле користени за лични и политички интереси, е завршено“.

Обраќајќи се до граѓаните, Мицкоски порача дека безбедноста не е само статистичка бројка, туку чувство кое го овозможуваат токму полицајците – чувство кога родителите без страв ги пуштаат децата на училиште, кога мајките спокојно се враќаат дома во доцните часови и кога секој граѓанин знае дека државата стои зад него.

„Се сеќаваме – и не смееме да заборавиме – како изгледаше нашето секојдневие пред неколку години. Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ“ вели Мицкоски.

Тој додаде дека претходно институциите се користеле како алатки за лични и политички интереси, а не за правда. Според премиерот тоа време е завршено и во државата веќе нема место за врски, непотизам и заштита од одговорност.

„Законот важи за сите – без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека силата на државата се мери со тоа дали правдата стигнува до сите, вклучително и до најмоќните и најмаргинализираните.

„Вашата мисија е света – да го чувате поредокот, но и да ја вратите довербата кај народот“, им се обрати премиерот на полициските службеници.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе