Вести Македонија Свет

Maкедонија го презеде претседателството со Јадранско-јонската група

Нови инструменти за јакнење на прекуграничната соработка, модернизација на инфраструктурата и дигитализација која ќе ги поврзува луѓето и обезбедување на социјална кохезија, за да се спречи одливот на млади, како европски, а не само балкански проблем – тоа ќе бидат главните приоритети на едногодишното македонско преседавање со Јадранско – јонската група за соработка.

  • „Не може да се гради европска иднина, без да се осигури иднина таму каде што луѓето живеат”, порача министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Грчките претставници одбегнаа да одговорат, како ќе јакне регионалната соработка, ако и по Договорот од Пресоа целосно се закочени значајни инфраструктурни проекти и билатерални договори, но упатија охрабрувачки пораки за младите.

Станувајќи членка по потпишувањето на Договорот од Преспа, македонското претседавање доаѓа во клучна година, во која Европската комисија подготвува измени на стратегија со која Јадранско- јонската иницинатива ќе се усогласи со останатите европски инструменти, но и фондови за забрзување на регионалната соработка и приклучување на Западниот Балкан кон ЕУ.

Од Крит за Телма, Боби Христов

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Момировски : Имам впечаток дека може да се продлабочува падот на Македонија на Индексот за слободата на медиумите

Дејан Дејан

Секуловски во Топ Тема: Македонија е еден мал шампион можеме да бидеме од најлошата до најдобрата земја во регионот

Дејан Дејан

Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе