Секој пад секако дека треба да загрижува, рече Билјана Георгиевска извршна директорка на СЕММ, во вечерашната Топ Тема коментирајќи го го падот на Македонија од шест места на Индексот за слободата на медиумите на Репортери без граници.
„Ние сме во една чудна глобална ера каде што каде има повеќе предизвици за слободата на медиумите, делумно поради технолошкиот развој, делумно поради војните со информации и дезинформации и поради влијанието на политиката. Сето тоа во мало се случува и кај нас“, истакна Георгиевска.