Вести Свет

Насилен 1 Мај во Турција – уапсени над 400 лица

На меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, Турција повторно беше сцена на жестоки судири меѓу демонстранти и полиција, особено во Истанбул. Според министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, уапсени се вкупно 409 лица, од кои дури 407 само во Истанбул.

Протестите се одржаа во 78 провинции, со речиси 300.000 учесници. Главната цел на демонстрантите беше да стигнат до историскиот плоштад Таксим, каде протестите се забранети веќе неколку години. Полицијата, која претходно го блокираше пристапот до плоштадот, употреби сила за да спречи пробивање на барикадите во општините Бешикташ и Шишли.

Демонстрациите се одржаа во контекст на зголемено политичко незадоволство, особено по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу – главниот политички противник на претседателот Ердоган.

Лидерот на опозициската Републиканска народна партија, Озгур Озел, ја осуди забраната и масовното полициско присуство, нарекувајќи ја владата „несигурна“, а земјата „полициска држава“. И покрај тензиите, Ердоган во Анкара се сретна со претставници на синдикатите и повтори дека неговата влада спровела реформи за подобрување на работничките права – тврдење што демонстрантите го негираат преку секојдневни акции и протести.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе