Вести Свет

Голем украински напад со дронови на Крим

Русија објави дека спречила масовен украински напад со беспилотни летала врз Крим и неколку региони во јужниот и западниот дел од земјата. Според руското Министерство за одбрана, вкупно 121 украински дрон биле соборени – 89 над Крим, 23 над Црното Море, а останатите над Краснодар, Орјол, Брјанск, Белгород и Азовското Море.

На социјалните мрежи се споделуваат информации за големи експлозии во Севастопол, Џанкој, Саки, Новофедоривка и Качи, локации каде што се наоѓаат важни руски воени бази. Гувернерот на Севастопол назначен од Москва, Михаил Развожаев, тврди дека експлозиите се последица на рускиот одбранбен одговор.

Тој нагласи дека нема оштетувања на објекти или инфраструктура. Кримскиот мост кој што ги поврзува руското копно и полуостровот Крим бил привремено затворен околу 4 часот наутро што укажува на сериозноста на заканата. Паралелно Руските сили започнаа голем напад со беспилотни летала врз градот Запорожје, при што загина еден, а повредени се десетици цивили. Државната служба за вонредни состојби соопшти дека во нападот се оштетени станбени згради, образовен објект и критична инфраструктурна локација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе