Вести Македонија

Заглавен законот за парнична постапка

Заглави законот за парнична постапка, а тоа ги запре колективните тужби, па наместо во група граѓаните ќе треба индивидуално да тужат на суд доколку им се нарушени правата не само пред банките, туку и осигурителните компании и друштвата за брзи кредити.

Се додека не се донесе законот, спречени за донесување на групна отштета е и Организацијата на потрошувачи, која смета дека индивидуалните тужби не само што се скапи, туку и се одолговлекуваат.

„Ние можеме сега да одиме, барајќи времена мерка пред судот да се забрани одредено дејствие, меѓутоа од страна на одреден давател на услуги, не мора да е во финансискиот сектор, 64 области се во прашање во оваа директива. Значи многу голем опсег има и ние мораме да го направиме тоа, зошто во овој момент македонските потрошувачи имаат помалку право од европските потрошувачи“, вели Маријана Лончар Велкова, претседателка на ОПМ.

Законот за парнична постапка подолг период се „влече“ низ ходниците во Министерството за правда, а откако го помина и второто читање во Собранието, тој во јануари беше повлечен од процедурата без никакво објаснување.

Затоа организацијата на потрошувачи инсистира да се формира меѓуресорска група од министерствата за Правда и за Економија за законот конечно да биде донесен. Освен на законот, се работи и на новата просечна кошничка.

Детали не се откриваат што ќе содржи, но се зане дека просечна, а не минимална, и не за четиричлено, туку ќе се однесува на тричлено смејство, спротивно од укажувањата на синдикатите и коморите.

„Има многу работи вклучени, тоа се квалитетни информации од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат. Еве само да кажам дека цените на основните прехранбени производи ќе се користат од повеќе маркети од различни делови на земјата“, вели Марјан Ристески заменик министер за економија и труд.

А, по половина месец обврска на трговците да ги објавуваат цените на официјална веб страница, граѓаните велат пребарувањето трае подолго, а организацијата на потрошувачи вели идејата треба да се разработи.

„Кога би имале една компаративна алатка, тоа би одело многу бргу. Сега со вештачката интелигенција би можело и побргу да се развие, да биде онлајн и да биде унифицирано. Сега не е унифицирано. Немаме по групи на производи, па по видови и така натаму, никаде не е исто и луѓето немаат ни време ни можност да споредуваат“, вели Маријана Лончар претседателка на ОПМ.

Од 18 април, трговците добија законска обврска на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи што ги нудат, за да се запре неконтролираниот раст на цените.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здравева: Дамките врз институциите се таложат една врз друга, постои генерална недоверба во институциите на системот

Дејан Дејан

Здравева: Бодувањето на членовите на ДКСК е како превртена пирамида, колку се повисоки на политичките партии, толку се пониски на граѓанското општество

Дејан Дејан

Трпеноски: Претседателката на ДКСК да се повлече од функцијата додека трае истрагата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе