Вести Македонија

Агресивно се однесуваше кон полицајци и се качил на возилото, МВР за инцидентот кај железничка со пајакот и таксистот

Од министерството за внатрешни работи (МВР) се огласија за инцидентот кога таксист се качи на своето возило додека пајак го кревал мерцедесот на Фатмир Џелили. Џелили во изјава на Телма објасни дека повиканите службеници од МВР и вработен во Градски паркинг го привеле него, иако на локацијата за регуларни такси возачи биле паркирани диви таксисти.

МВР пак посочи дека таксистот агресивно се однесувал.

„На 28.04.2025 во 12 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Џ. (57) од Скопје, поради тоа што додека со пајак возило му било подигано неговото такси возило, агресивно се однесувал кон полициските службеници, се качил врз возилото и одбивал да се симне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, ни одговорија од МВР.

Џелили, пак, обвинува дека на такси стојалиштата околу Автобуската и Железничката станица во Скопје врие од диви таксисти или како што ги вика цивилни возила и дека има мито и корупција на паркингот.

(видео)Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жестоки меѓусебни обвинувања на интерпелацијата за Тошковски

Дејан Дејан

„Трагедијата можеше да се спречи, сега бараме одговорност“ – родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје

Дејан Дејан

ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе