На денешен ден пред 24 години, за време на воениот конфликт во земјава, се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили меѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина, во месноста Брезовица.
На 28 април во 2001 година беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
Во нападот беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.