Вести Македонија

Водени топови за ново противпожарно возило и опрема – германска донација за Кочани

Со водени топови беа пречекани германските пожарникари и претставници од амбасадата кои на Доброволното противпожарно друштво во Кочани му донираа ново возило и опрема. Возниот парк на волонтерите пожарникари се зголеми на шест, од кои сега имаат четири противпожарни камиони. Ова е единственото возило за кое не е платено данок од страна на Доброволното противпожарно друштво, целиот трошок и процедура ја имаат истуркано токму хуманите луѓе од Германија. Законите не ја препознаваат хуманата дејност на волонтерите пожарникари при интервенции на пожари и елементарни непогоди, ниту пак при добивање на вакви донации.

Интервентната доброволна противпожарна единица на Кочани брои 25 волонтери. Формирани се пред четири години по големиот пожар на Илинден. Нивните камиони и опрема се во истиот круг со Територијалната Противпожарна единица Кочани која, пак, брои само 16 пожарникари, чија просечна старот е 48 или 49 години. Оваа единица кои ги гасне пожарите во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци има и стар возен парк, најновиот камион им е од пред 15 години.

Во оваа Противпожарна единица треба да има 32 пожарникари, во моментов функционира со 45 отсто од предвидениот законски Правилник за пожарникарство. Кочанските пожарникари и волонтерите пожарникари на терен заеднички ги гаснат пожарите и се едни од ретките во земјава, кои соработуваат и не сметаат за конкуренција.

Вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски најави дека оваа седмица ќе се распише оглас за вработување на двајца пожарникари, а се работи и на обезбедување на средства за ново стандардизирано возило.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубио: Оваа недела ќе одлучиме дали ќе останеме во мировниот процес за Украина

Дејан Дејан

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

СДСМ: Притисок со инспекции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе