Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ возврати на прозивките на СДСМ: Се водат истраги, системот функционира

Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДСM беа заштитени и недопирливи, возвратија од владеачката партија на прозивиските од СДСМ. Велат, во мандатот на нивниот долгогодишен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски се доделуваа македонски пасоши на светски криминалци, наркобосови, мафијаши, па дури и на припадници на ИСИС.

Исто така, за време на неговото министерување и владеење на СДСМ, пробивани беа акции за меѓународен шверц на дрога. Луѓе од системот под раководство на СДСМ и Спасовски споделуваа информации со наркокартелите што ги загрозуваа акциите на меѓународните институции за сузбивање на трговијата со дрога.

„Ако некој го загрози безбедносниот систем на државата, тоа е токму СДСМ, за време на владеењето на СДСМ“, пишува ов реакцијата на владеачката партија за медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе