Бројот на повредени во експлозијата што денеска се случи во иранското пристаниште Раджаи, во близина на Бандар Абас, главниот објект за контејнерски испораки во Иран, се зголеми на 516 лица, јави иранската новинска агенција Тасним.
Експлозијата се случила во пристаништето Раджаи, на југот од Иран, преку кое годишно минуваат околу 80 милиони тони различни видови стока, пренесува АП.
Иранските власти сè уште не го соопштиле причинителот на експлозијата, но познато е дека индустриските инциденти се чести во Иран, особено во неговите застарени нафтни постројки, кои поради меѓународните санкции тешко набавуваат потребни резервни делови, додава агенцијата.
Локалниот функционер за управување со катастрофи, Мехрдад Хасанзаде потврдил дека експлодирал контејнер во пристаништето Раджаи, без да наведе други детали.
Иранската државна телевизија јави дека по експлозијата се урнала блиска зграда. Експлозијата се слушала низ целата иранска провинција Хормозган. Локалното население потврдило дека земјата се затресла, а детонацијата се слушнала и во блиските градови.
📹 لحظه انفجار در اسکله شهیدرجایی بندرعباس https://t.co/Ih5xvKoPBK pic.twitter.com/jJpFJtF4g8
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) April 26, 2025