Вести Најважни Свет

Трамп: Украина и Русија се пред историски договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, по повод погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса.

„Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата“, истакна Трамп.

Тој на сопствената социјална мрежа „Трут сошл“ (Truth Social) објави дека „повеќето главни точки се договорени.

„Запрете го крвопролевањето, веднаш. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави крај на оваа сурова и бесмислена војна“, напиша Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе