Вести Македонија

Андоновски: Истрагата против Димитровска е дамка врз ДКСК, но не е нарушен кредибилитетот на останатите членови

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изрази жалење за ситуацијата во која се најде Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), откако обвинителството отвори истрага против претседателката Татјана Димитровска, бидејќи е осомничена дека оддавала службени тајни.

Димитровска вчера не се појави на работа, а мерката „Забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, што ѝ беше определена, не ја спречува да оди на работа, но целосно ја ограничува во работата со предмети.

Димитровска се товари дека му давала податоци на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите во случајот, но и податоци за проверка на неговиот имот и на неговото семејство. Засега нема најава за нејзина оставка од функцијата.

Андоновски смета дека таквото однесување на Димитриевска е непримерно и изрази надеж дека ќе биде дадено некакво објаснување, а притоа ќе се почитува пресумпцијата на невиност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе