Вести Македонија

Бугарија сè уште не ѝ одговорила на Македонија на барањето за средба

Бугарија сè уште не одговорила на барањето на Македонија за директен дијалог за проблемите кои постојат меѓу двете држави. Ова го соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски одговарајќи на прашањето дали откако Бугарија доби политичка влада е договорена средба меѓу двете страни за надминување на проблемите.

„Веќе подолг период работиме, за жал, без позитивен фидбек од страна на Бугарија, за организирање на заедничка средба помеѓу мене, нашиот министер за транспорт, Николовски и министерката за финансии, Димитриеска Кочоска, заедно со нашите тројца колеги од бугарска страна, со цел, разјаснување на состојбата и иднината на Коридорот 8, бидејќи тоа е за нас стратешки проект кој сакаме да се движи напред. За жал подолг период немаме позитивен одговор“, рече Тимчо Муцунски, министер за надворшени работи на Македонија

Муцунски изјавата ја даде по средбата со својот црногорски колега, Ервин Ибрахимовиќ, кој беше во посета на Скопје, велејќи дека дијалог и комуникација меѓу двете земји постои и дека Македонија нема да се откаже од тоа, бидејќи во спротивно би станала соученик во процесот на кочење на евроинтеграцијата на земјата. Сепак, Македонија, како што вели шефот на дипломатијата, не се откажува од ставот да се стави крај на мешање на билатералните прашања во процесот на пристапувањето.

„Нашата посветеност кон европската интеграција треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките, на било која влада во оваа држава, по однос на националните прашања. Ако така некој сака да ја мери нашата посветеност кон европската интеграција, тогаш тој не разбира што е европска интеграција“, изјави Муцунски.

За тоа што пренела како порака од Софија до Македонија, еврокомесарката за проширување, Марта Кос, која беше во Бугарија за да го поттурне дијалогот меѓу двете земји за откочување на процесот за Македонија, тој рече дека не може да открива детали за да не му наштети на процесот.

Црногоскиот министер, пак, порача дека без сите земји од Западниот Балкан во ЕУ интеграцијата нема да биде целосна и оти со секоја загубен ден на патот кон Брисел губат и земјите од регионот, но и ЕУ.

„Секој загубен ден, да тргнеме прво од нас, Западниот Балкан, е лоша порака за нашите граѓани во ова време кога го губиме натрпеварот кога станува збор за миграцијата, кога младите луѓе, најпотентното жители ни заминуваат од државата. Не смееме да го дозволиме тоа, мора да работиме на зачувување и јакнење на еврооптимизмот“, изјави Ервин Ибрахимовиќ, министер за надворшени работи на Црна Гора.

Истовремено и Брисел мора да разбере, вели Ибрахимовиќ, дека му е потребен Западен Балкан. Црна Гора, вели тој, има зацртано да биде 28 земја-членка на ЕУ до 2028 и дека има постигнато национален консензус за тоа и таа прави се тоа да го исполни, пред се исполнување на реформите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Бит Пазар – едно лице загина, оштетени се објекти и возила

Дејан Дејан

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Филипче негира дека има златна виза за Дубаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе