Балкан Вести Свет

Обид за апсење на Додик во Источно Сараево

Агенти на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина синоќа се обиделе да го уапсат лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но биле спречени во намерата од припадници на полиција на Република Српска.

Обидот за негово приведување се случил за време на неговиот престој во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, но тие се повлекле кога на патот им застанале полициските службеници задолжени за обезбедување на актуелниот претседател на РС. Она што се знае е дека немало директен конфликт меѓу припадниците на државната и ентитетската полиција.

Инспекторите на СИПА биле во вообичаени униформи, додека приодот до зградата каде што бил Додик бил блокиран од тешко вооружени специјалци. Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, потврди дека полицијата на овој ентитет веднаш е ставена во состојба на готовност, а ја критикуваше и СИПА за лошо организираниот обид за апсење.

Судот на Босна и Херцеговина распиша потерница по Додик и му одреди притвор, бидејќи одби да одговори на поканата за сослушувањето на Обвинителството на Босна и Херцеговина кое против него води истрага поради сомнение дека се обидел да го загрози уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарскиот кредит ќе се троши главно за реконструкции и изградба на патишта

Дејан Дејан

Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп за царините

Дејан Дејан

ММФ: Царините на Трамп ќе донесат поголема неизвесност од периодот на пандемијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе