Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го спречи Иран да добие нуклеарно оружје и ќе продолжи воениот притисок врз Хамас, додека Израел го одбележува Денот на сеќавањето на Холокаустот.
Нетанјаху на комеморативниот настан во Ерусалим рече дека „главната лекција од холокаустот“ е „енергична борба против фанатичните режими кои му се закануваат на целиот свет “. Израел го прекина примирјето со Хамас минатиот месец и вети дека ќе ја продолжи војната додека не се вратат сите заложници и Хамас не биде уништен или разоружан и испратен во егзил.
Планот е да држи делови од Газа на неодредено време под своја контрола и да го имплементира предлогот на претседателот Доналд Трамп за преселување на населението во други земји, кој беше широко отфрлен на меѓународно ниво. Меѓувреме, продолжуваат преговорите меѓу Иран и Соединетите Држави за нуклеарната програма на Техеран.