Голем руски ракетен напад го погоди главниот град на Украина, Киев во текот на ноќта, при што загинаа девет лица, а беа повредени уште 63, меѓу кои шест деца, соопштија украинските власти.
Градската воена управа на Киев на својот канал Телеграм соопшти дека Русија го нападнала градот со беспилотни летала и балистички проектили. Пријавени се пожари во неколку станбени згради, соопшти градската воена администрација.
Во сенка на дипломатските преговори и меѓународниот притисок, жителите на Украина не веруваат во мир меѓу завојуваните страни.