Вести Свет

Базиликата Свети Петар остана отворена и во текот на ноќта

Базиликата Свети Петар остана отворена и во текот на ноќта, за да им се овозможи на илјадниците верници да му оддадат почит на починатиот папа Франциско. Неговото тело вчераутро беше изложено во состојба на тридневна јавна жалост за аргентинскиот понтиф запаметен по неговиот скромен стил, грижата за сиромашните и упорните молитви за мир.

Илјадници луѓе се собраа на плоштадот Свети Петар чекајки и по неколку часа да влезат во базиликата каде отворениот ковчег на Франциск е поставен пред главниот олтар. Јавната жалост ќе заврши во петок во 19 часот.

Меѓувреме кардиналите се состануваат во Ватикан за да го закажат погребот, да ја планираат конклавата за избор на неговиот наследник и да донесат други одлуки за водење на Католичката црква.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО)Во јавност прикажани четири бебиња на пар желки од Галапагос

Дејан Дејан

📽(Видео)Ерупцијата на вулканот Поас ја прекри Костарика во пепел

Дејан Дејан

Кривична пријава за даночно затајување против управител на компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе