Дали единствената врска со европскиот пат – Реформската агенда од Планот за раст ќе остане само на хартија?
Во Топ Тема дебата со Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ и Дејан Проданоски,пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.
Тренчевска во вечерашната Топ Тема изјави дека минатогодишните капитални инвестиции изнесувале 16 проценти и тогашната опозиција, односно сегашната власт ги критикувале.
„Во април 2024 изнесувале 16 проценти, за денес капиталните инвестиции вклучително и на локално и централно ниво се околу 10 проценти. И тоа е многу помалку од 16 проценти. И иако имавте изјави дека од унгарскиот кредит 250 милиони евра ќе одат во локалните вие 2024 година дадовте околу 70 милиони“ вели Јован Тренчевска, пратеничка на СДСМ.
Кога станува збор за реформската агенда пратеникот Проданоски смета дека Владата сериозно е зафатена со Реформската агенда, 750 милиони од кои една третина ќе биде во форма на грантови, две третини во поволни заеми.
Пратеникот Проданоски рече дека е потврдено и од челниците на ЕУ дека Македонија е прва од земјите на Западен Балкан што се аспиранти за членство во ЕУ дека најдалеку стигнала во однос на агендата којашто е зададена од нив.