Вести Свет

По велигденското примирје Русија за едно деноноќие фрли 130 бомби и 77 дронови врз Украина

Украинските сили за одбрана собориле 38 руски дронови во последните 24 часа, додека уште 31 исчезнале од радарите без да предизвикаат штета, јави агенцијата Укринформ, повикувајќи се на соопштение на украинската воздухопловна команда, објавено на Телеграм.

Вкупно, руските сили истрелале 77 дронови од Курск, Брјанск и Приморско-Ахтарск. Во одбраната биле вклучени украински борбени авиони, противвоздушна одбрана, електронска борба и мобилни стрелачки тимови.

До 18 часот по локално време, во источните, северните, јужните и централните региони на Украина биле соборени 38 дронови, главно од типот „Шахед“.

Дополнително, руските сили денеска користеле над 130 наведувани авионски бомби врз украинска територија. Една од бомбите погодила станбена зграда во Запорожје. Штета била предизвикана и во регионите Харкив, Черкаси и Запорожје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Доближувањето на Таравари до ДУИ е доближување до „црвените лини“ во владината коалиција, велат аналитичарите во Топ Тема

Дејан Дејан

Средбата Мицкоски – Таравари заврши без конечен епилог

Дејан Дејан

Романскиот премиер Чолаку поднесе оставка, ден по победата на Симион во првиот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе