(Текстот и дополнет и преправен по реакција на засегнато лице кое ги негираше информациите споделени од Центарот за управување со кризи ЦУК на 24.04.2025.) Во куќа во Кавадарци во текот на вчерашниот ден (17.04.2025.), било пронајдено тело на машко лице, кое, најверојатно, се задушило, информираат од Центарот за управување со кризи.
Според Регионалниот центар за управување со кризи – Велес, двајца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале поради плинска боца во куќа на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
Пронајдено било машко лице за кое се вели дека најверојатно се задушило.
На местото присутни биле и екипи на Итна медицинска помош, кои констатирале смрт на лицето на возраст од 78 години, појаснуваат од ЦУК.
Син на починатиот реагираше до ТВ Телма поради објавената информација на веб сајтот на Телма која се темелеше на дневен извештај на ЦУК споделен преку вибер група за информирање на новинари. Синот во дописот, со извештај на противпожарната служба во Кавадарци ги негираше споделените сознанија на ЦУК и тврди дека смртта на неговиот татко не е поврзана со пожарот.