Големи гужви и долги колони се формираа утрово на граничниот премин „Богородица“, каде што бројни граѓани тргнаа кон Грција за продолжениот празничен викенд и Велигденските празници.
АМСМ информираше дека на „Богородица“ се чека од 10–15 минути, но сепак на терен патници јавуваат дека реалното задржување на граница е до 40 минути.
Зголемената фреквенција на возила се должи на неработниот понеделник, што многумина го искористија за патување и одмор.
Слична ситуација има и на „Дојран“, а на „Табановце“ каде се чека од 20 до 30 минути во двата правци.