Верниците денеска го слават Велики петок, најтажниот ден во христијанството.
Нема богослужби, не бијат црковните ѕвона, а многу верници овој ден го поминуваат во строг пост, оплакувајќи го Исус Христос кој беше распнат на крст, принесувајќи жртва за човечки гревови.
Според обичаите денеска се бојадисуваат велигденските јајца кои ја симболизираат победата на животот над смртта.
Денеска мисли на христијанските верници се насочени кон страшниот настан на Христовото невино страдање и понижување од луѓето на Голгота и во Ерусалим.
Црвената боја ја симболизира невино пролеаната крв на Спасителот на Голгота, но е и боја на воскресението затоа што нема воскресение без страдање и смрт.