Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави привремен чекор на патот кон договор за суровини со САД, пренесе ДПА.
„Меморандумот за разбирање би можел да биде потпишан онлајн денеска“, изјави Зеленски денеска во Киев.
Тој рече дека предлогот дошол од американска страна и додаде дека адвокатите ќе продолжат да работат на вистински обврзувачки договор за суровини.
На крајот на февруари, потпишувањето на нејасен рамковен договор за заедничко ископување на суровини пропадна во Вашингтон по спорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски.
Трамп веќе некое време го притиска Киев да склучи договор за суровини. Добивката од ископувањето ретки земјени метали, меѓу другото, треба да послужи како компензација за воената помош која веќе и е дадена на земјата која е нападната од Русија.