Само неколку часа откако велосипедистите пристигнаа во Стразбур, студентите кои ги предводат протестите во Србија соопштија дека подготвуваат нова акција пред крајот на овој месец.
Како што објавија на социјалните мрежи, на 26 април 16 тркачи ќе започнат штафетен ултрамаратон до Брисел, чија цел е носење писмо до Европскиот парламент.
Рутата по која студентите ќе трчаат беше исто така објавена. Тргнуваат на 26 април во петок од Нови Сад а до Брисел ќе трчаат преку Осијек, Вировитица, Вараждин, Грац, Оберпулендорф, Виена, Зајценстетен, Салцбург, Минхен, Улм, Штутгард, Стразбур, Мец, Луксембург и Лиеж.
Синоќа Студентите велосипедисти кои со денови ја возеа „Турата до Стразбур: Педали за вистината“,пристигнаа во Стразбур, Велоспедистите тргнаа на 3 април од Нови Сад, со цел да го свртат вниманието на европската јавност на ситуацијата во Србија. На пат кон Стразбур тргнаа 80 студенти, 71 момче и девет девојки и сите стигнале до последната точка.
За студентите беше организиран пречек на Клебер плац во Стразбур, каде беа собрани многу млади граѓани, а имаше и телевизиски екипи од Белград.
За студентите беше послан црвен тепих како во сите градови што ги посетија на пат кон Стразбур а добредојде им посака претставничка на градоначалничката Жан Барсегијан.