Вести Македонија

(видео)Муртезани негира дека Таравари си заминал од Вреди поради поделбата на „фотелји“, вели, најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој е гостин во вечерашната Топ Тема на Телма вели дека Таравари не си заминал од коалиција Вреди поради поделбата на „фотелји“, туку најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори.

Тој рече дека во мментов има околу 16 општини со кои раководат градоначалници Албанци, но неизвесно е дека на локалните избори ќе се извојува победа, може да победи кандидат на ДУИ или некој независен.

„Таравари доби понуда да има 40% од градоначалничките места, со тоа што другите 60% претежно непобеднички беа поделени меѓу останатите три партии од коалицијата, за него тоа беше малку, вели Муртезани, тој не замина заради тоа, туку најверојатно се има договорено со Али Ахмети да настапи заедно на локалните избори.“

За тоа дали некој треба да излезе од влада, а друг да влезе треба да се разговара со премиерот.

„Ако Таравари јавно кокетира со Али Ахметитогаш е доведено во прашање целото функционирање на владата, вели Муртезани, бидејќи како ќе бидеме ние сигурни за улогата на Таравари во Владата, како ќе се води борбата против криминалот и корупцијата. Дали борбата на Травари ќе биде како глас на ДУИ и обид за спасување на институциите или ќе биде ветар во грб на институциите за расчистување со криминалот и корупцијата“, праша министерот.

Според него, ова се политички дилеми кои треба да се расчистат, а затоа некој треба да излезе од влада, а друг да влезе треба да се разговара со премиерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе