Вести Македонија

„Здрава котлина“ со кривична пријава за градоначалникот на Ново Село за леарницата кај Смоларе

Граѓанската организација „Здрава котлина“ му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов за случајот со леарницата кај Смоларе. Овој чекор доаѓа откако повеќе активисти добиле кривични пријави и биле влечени во полиции и јавно обвинителство за напишан статус на Фејсбук, сметајќи ги за класични слап тужби со цел да се замолчат.

Активистите велат дека повеќе од една година протестираат и апелираат да се забрани натамошната изградба и функционирање на објектот што го сметаат за опасна Г1 тешка индустрија кој треба да се отвори во непосредна близина на единственот извор на вода за Општината. Образложението на кривичната пријава е на 120 страници.

Градоначалникот на Ново Село смета дека нема основа за кривична пријава. Работел според закони и прописи. Тој тврди дека чистата животна средина е приоритет на локалната самоуправа и дека сите објекти кои ќе бидат на територијата на општината ќе мора да гарантираат безбедност.

Објектот на влезот на Смоларе ги загрижува еко-активистите, тие сметаат дека на таков индустриски капацитет не му е местото во подножјето на планината Беласица.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе