Балкан Вести

Српскиот парламент бира нов владин состав

На седница на српскиот парламент која ја закажа претседателот на српското собрание, Ана Брнабиќ, денеска ќе се бира нова Влада, по поднесен предлог од мандатарот Ѓуро Мацут. Тој претходно треба да го презентира составот и програмата на новата Влада, што вчера беа доставено до српскиот законодавен дом, по што следува расправа и гласање.

За премиер е предложен Мацут, а меѓу клучните имиња во новиот кабинет се Синиша Мали како вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ вицепремиер и министер за внатрешни работи, Адријана Месаровиќ за економија и Марко Ѓуриќ за надворешни работи.

Новата влада мора да биде изгласана до 18 април, во спротивно следуваат предвремени избори на почетокот од јуни. Изборот на нов владин состав доаѓа по неотповикливата оставка на премиерот Милош Вучевиќ, од 28 јануари, откако за време на протестите на студентите беше извршен напад на блокада во Нови Сад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

САД планира да затвори околу 30 амбасади и конзулати низ целиот свет дознава „Њујорк тајмс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе