Студентите кои ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Војводина утрово околу 5.30 се разотидоа откако жандармеријата постави кордон, со што на вработените им е дозволен влез во зградата.
Пред зградата на Радио-телевизија Србија во центарот на Белград и кај студиото на Кошутњак се уште се протестира. Полицијата во Нови Сад соопшти дека во соработка со обвинителството, во тек е идентификација на сите лица кои сториле кривични дела и прекршоци, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Синоќа по 22 часот беа блокирани сите влезови на тие медиуми, а студентите во блокада, како причина за протестот го посочија известувањето на медиумите за кое рекоа дека е пристрасно и ја фаворизира владата на претседателот Александар Вучиќ.