Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека тарифите го прават „многу среќен“. Според него целта е да ги натера земјите од светот да бидат праведни кон САД.
По вчерашната одлука да бидат одложени на 90 дена дел од тарифите за десетици земји од светот американскиот претседател со став „Вчера имавме голем ден“ но и со пофалби од блиското оплружување за тоа како тој управува со државата.
Како и обично, Илон Маск учествуваше на состанокот на Кабинетот на Трамп за да ја промовира својата работа со Министерството за ефикасност на владата. Во пораката до Американците, тој рече „ние ќе ги трошиме нивните даночни долари на начин кој е фер, разумен и добар“.