Вести Македонија

Доцни платата на вработени во Здравствен дом Скопје поради пад на системот

Им доцни платата на околу 1300 вработени во Здравствен дом Скопје поради пад на системот. Приходи немаат земено сите поликлиники во главниот град и брзата помош.

Директорот смирува проблемот се решава,а од независниот синдикат на здравство велат ова е голем технички проблем за кој е потребна помош од информатичари и се надеваат дека за брзо време ќе се надмине, а вработените ќе земат плата.

Ние му стоиме на располагање на директорот на Здравствен дом Скопје на менаџерскиот тим за наша помош се со цел нашите вработени што побрзо да ја земат платата за која што ја заслужиле. Но овие технички проблеми се неизбежни во информатичкото општество и би требало во теков на денот до 16 часот вработените да си ја земат платата или најкасно до понеделник бидејќи зафаќа време за викенд, вели Боби Бојчевски од независен синдикат на здравство.

Директорот на Здравствен дом Скопје вели дека причината е тоа што снемало струја и нема бекап на податоците за ниту еден вработен, вели плата ќе има најдоцна до вторник.

Инсталираме нови агрегати во поликлиниките и тука во поликлиниката Битпазар имало електрични прекини, но тоа не е целта. Целта е бидејќи имало застарени бекап системи кои што не го потрошиле тој електричен напон и се изгорени. Затоа сега се работи на решавање на проблемот и верувам дека до 15-ти ќе бидат исплатени сите плати, вели Самир Исени директор на Здравствен дом Скопје.

Пад на системот, но од многу поголеми размери, имаше пред две години во Фондот за здравствено осигурување – поради сајбер напад беа загрозени податоците на сите осигуреници.

По провeрките од надлежните беше утврдено дека се работи за неовластен влез во компјутерскиот систем на фондот, а во серверите се наоѓаат личните податоци на сите здравствено осигурени лица во Македонија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Дејан Дејан

(ФОТО) Тројца туристи меѓу четворицата загинати во несреќа на жичница во Неапол

Дејан Дејан

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе