Нема помор на риби во Дојранското Езеро, демантира градоначалникот Анго Ангов. Тој смирува да не се крева паника и да се шират дезинформации, бидејќи станува збор за нормална појава при мрестење на рибите.
Од вчера на социјалните мрежи се споделуваат фотографии со мртви риби на крајбрежјето на езерото, но познавачите на Дојран велат дека станува збор само за риби, а доколку има еколошки прболем водата ќе исфрли и други видови од богатиот животински свет во езерото.
Ангов зборуваше и за појавата на пена која според некои граѓани е поради недоволно функционирање на колекторскиот систем.
Дојран работи на изградба на нова пречистителна станица бидејќи капацитетот на постојната е премал со оглед на брзото ширење на туристичките населби. Со последните врнежи и нивото на езерото повторо е над нулта кота.
Сузана Мицева