За наредната година, Детската клиника во Скопје набави лекови „Tрикафта“ во вредност од над 720 милиони денари, односно околу 11,75 милиони евра, кои се наменети за лекување на болни од цистична фиброза. Лековите се за период од крајот на март до истиот период наредната гоина.
„Трифакта“ е нов вид на терапија кој почна да се користи и во Македонија по протестите на болните од цистична фиброза пред неколку години. Во Македонија има околу 140 пациенти на кои им е дијагностицирана фиброза.
Средствата се обезбедени од развојниот дел на државниот буџет, а носител на набавката е Клиниката за детски болести преку која се реализираат програмите за лекување. Лани за истата намена беа потршени околу осум милиони евра, а во меѓувреме се зголеми и опфатот на болните со цистична фиброза со Трикафта терапија.