Во текот на вчерашниот ден премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, за кого вели дека е пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје.
- Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Во текот на разговорот тој ја нагласил важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.
- Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји, вели премиерот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.